Раководството на Челси веќе се реши за две главни имиња како евентуални наследници на Маурисио Покетино доколку клубот одлучи да се раздели со Аргентинецот. Според медиумите на Островот, двајцата најистакнати кандидати за оваа функција се менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби и тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим.
Сепак, истите двајца стратези се и на списокот и на Ливерпул доколку „црвените“ не успеат да ја добијат битката со Баерн Минхен за Чаби Алонсо, кој е цел број 1 на клубот за наследник на Јирген Клоп.
Покетино со пристигнувањето во Челси летото потпиша двегодишен договор, но во никој случај не е сигурно дека ќе остане по крајот на актуелната сезона. Настапите и резултатите на тимот се многу неконзистентни, а трпението на голем дел од навивачите почна да истекува и јавноста се сврте против Покетино по натпреварот со Брентфорд минатата сабота (2-2).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













