
Европскиот првак Челси е фаворит за потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Никлас Суле. Лондончани имаат интерес за 26-годишниот фудбалер, чиј договор истекува ова лето и би можел да биде ангажиран како слободен агент.
Интерес за Суле има и од Барселона, но самиот играч им кажал на своите блиски дека негова желба е да си ја проба среќата во Премиер – лигата. Друга предност на Англичаните е тоа што таму тренер ќе му биде Германецот Томас Тухел, а Суле со задоволство би играл под негово водство.
Баерн Минхен се обиде да го задржи дефанзивецот кога му понуди нов договор, но тој ја одби новата соработка.
Баварците веќе го бараат неговиот наследник, а куриозитет е што се обратија кон Андреас Кристенсен од Челси, на кого исто така му истекува договорот.
Така двата клуба можат да разменат играчи во текот на летото.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
