Челси ја оствари третата победа во Лигата на шампионите оваа сезона и се пласира во осминафиналето од елитното натпреварување. Тимот на Франк Лампард славеше со 1-2 на гости кај Рен и со 10 бода е недостижен за ривалите. На идентичен начин и Севилја обезбеди пласман понатаму откако со 1-2 го совлада Краснодар во Русија.
Калум Хадсон – Одои го доведе Челси во водство во 22.минута, израмни Сехрум Гираси во 85.минута, но Оливие Жиру постигна победнички погодок во судиското продолжение од мечот за триумф на Челси.
Иван Ракитиќ донесе предност за Севилја во четвртата минута, Масиел Вандерсон израмни на почетокот на вториот дел, а Мунир Ел Хадади во петтата минута од судиското продолжение донесе триумф за Севилја и пласман во осминафиналето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













