
Пјер-Емерик Обамејанг по шест месеци се враќа во Премиер лигата и Лондон, бидејќи Барселона и Челси постигнаа договор. Клубот од „Стемфорд бриџ“ ќе плати 22 милиони евра веднаш и уште 5 милиони преку бонуси за поранешниот играч на Арсенал.
Обамејанг целосно се прероди во Барселона, постигна 13 гола на 22 натпревари, вклучително и два во „Ел Класико“ во победата од 4-0 над Реал Мадрид и многу брзо стана херој на навивачите. Во исто време, Обамејанг се откажа од огромен дел од својата заработка во Арсенал за да го раскине договорот и да дојде на „Камп Ноу“ без отштета.
Обамејанг нема да биде во преден план во Барселона по доаѓањето на Роберт Левандовски и затоа ќе замине, а добива шанса од својот некогашен ментор Томас Тухел, со кого имаше одлична соработка во Борусија Дортмунд.
Во исто време Габонецот ќе добие многу поголема плата од онаа што ја има во Барселона, па се чини дека станува збор за зделка во која профитираа сите три страни.
Обамејанг наполни 33 години во јуни, а Тухел верува дека може уште една или две сезони да му помогне на Челси во тешките моменти по заминувањето на Ромелу Лукаку и на Тимо Вернер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
