Челси го претстави новото засилување Џејдон Санчо. Крилниот напаѓач пристигна на „Стемфорд бриџ“ на позајмица од Манчестер Јунајтед.
„Многу сум возбуден што доаѓам тука. Пораснав во Лондон и среќен сум што се враќам овде. Имав разговор со менаџерот и се надевам дека ќе донесам многу голови и асистенции на „Стемфорд Бриџ“, изјави Санчо.
Договорот беше финализиран малку пред затворањето на трансферниот прозорец во Англија. Играчот доаѓа на позајмица, но со задолжителна клаузула за откуп.
Вкупната вредност на трансферот изнесува 20 милиони фунти, плус дополнителни 5 милиони фунти во форма на бонуси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













