
Челси успеа да го победи Сервет со 2-0 и направи чекор напред кон пласман во групната фаза од Конференциската лига. Тимот на Енцо Мареска одигра слабо прво полувреме, доби свирежи од фановите на „Стемфорд бриџ“, па потоа успеа да слави со головите на Нкунку од пенал во 50.минута и на Мадуеке во 76.минута.
Партизан доживеа нов европски пораз. Во Белград славеше Гент со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Омри Ганделман во 16.минута.
Трабзонспор ремизираше без голови против Сент Гален на гости и има убава шанса со триумф на домашен терен да се пласира во групите од Конференциската лига.
Најголем триумф обезбеди Омонија, која со 6-0 ја победи Зира.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион
