Челси ова лето ќе започне сосема нова ера, во која на чело на клубот нема да биде Роман Абрамович, рускиот тајкун кој стана синоним за великанот од „Стемфорд бриџ“. Абрамович мораше да го напушти клубот по руската агресија над Украина и санкциите што му беа воведени, а клубот беше продаден на Американецот Тод Боли.
Медиумите од Островот велат дека е договорено и првото засилување.
Нов член на Челси ќе биде одличниот дефанзивец на Севилја, Жул Кунде, кој ги договорил сите услови за приклучување во лондонскиот тим, а трансферот ќе биде официјализиран штом ќе биде потврдена продажбата на клубот на Боли и ќе бидат тргнати санкциите.
Челси минатото лето се обиде да го доведе францускиот репрезентативец, но потоа трансферот пропадна поради сумата што ја побара Севилја за отштета.
Сега трансферот на Кунде од Севилја во Челси треба да биде комплетиран за околу 60 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













