Connect with us

Челси го купува Де Јонг, а Бернардо Силва доаѓа во Барселона?

Челси денеска ја известил Барселона дека ќе тргне по потписот на Френки де Јонг, што значи дека Бернардо Силва наскоро би можел да биде на „Камп Ноу“.


Каталонски „Спорт“ ексклузивно пренесува дека Челси сака да го купи Де Јонг, кого Барселона веднаш би го продала поради огромната плата и одбивањето да се согласи на намалена плата.

Де Јонг одби да се пресели во Манчестер Јунајтед, бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите, а тоа може да му го овозможи Челси.

Челси веќе знае дека цената на Де Јонг е 80 милиони евра и наводно е подготвен да преговара и да ја испрати првата понуда на „Камп Ноу“ во наредните денови.

Барса се очекува да ја прифати понудата на Челси, бидејќи веќе има постигнато договор со Бернардо Силва. Португалецот веќе ги прифати сите услови на Барселона и му порача на Пеп Гвардиола дека каталонскиот клуб е единствената причина поради која би го напуштил „Итихад“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови