Челзи влегува во нова ера под водство на Енцо Мареска, кој по успешната работа во Лестер ќе се грижи за првиот тим на лондонските „сини“. Се чини дека на повидок е и првото засилување.
Трансфер периодите на „Стемфорд Бриџ“ се особено интересни откако во клубот пристигна Тод Боели, па англиските медиуми на големо пишуваат за потенцијалните засилувања.
„Гардијан“ пишува дека првото засилување под водство на новиот менаџер Енцо Мареска би можел да биде поранешниот фудбалер на Фулам, Тосин Адарабиојо (26).
Фудбалерот кој се школуваше во академијата на Манчестер Сити зад себе има добра сезона, а речиси сигурно ќе го напушти Фулам како слободен играч.
Многу други клубови од Премиер – лигата, како Кристал Палас и Вулверхемптон, покажаа интерес за Адарабиојо, но понудата од Челси тешко можеше да биде одбиена.
„Сините“ останаа без Тијаго Силва, па англискиот дефанзивец со нигериско потекло би требало да биде негова замена кога е во прашање конкуренцијата во одбраната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













