Connect with us

Челси ги нуди Кукуреља и Обамејанг на Атлетико во замена за Жоао Феликс

Челси ќе ги понуди Марк Кукуреља и Пјер-Емерик Обамејанг на Атлетико Мадрид во замена за Жоао Феликс, тврдат медиумите на Островот. Феликс од јануари е на позајмица во лондонскиот клуб, за кој на 17 натпревари постигна три гола.


Португалецот е најскапиот играч во историјата на Атлетико, каде пристигна во 2017 година за 127 милиони евра. Но, младиот португалски напаѓач никогаш не ги оправда големите пари и не се снајде најдобро во системот на Диего Симеоне. Неговата позајмица во Челзи истекува на крајот од оваа сезона, а неговиот договор со Атлетико е до летото 2027 година.


Челси ја завршува лошата сезона која ја стартуваше со Томас Тухел. Него го наследи Грем Потер, но и тој доби отказ, па сега тимот до крајот на сезоната го води привремениот менаџер Френк Лампард.


Аргентинецот Маурисио Покетино би требало да биде на клупата од следната сезона.


Челси најавува голема распродажба ова лето. Клубот би можеле да го напуштат Кристијан Пулишиќ, Рубен Лофтус-Чик, Едуард Менди, Хаким Зијеч, Конор Галахер, Калиду Кулибали и Матео Ковачиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови