
Челси продолжува со одлични игри во Конференциската лига на УЕФА и со нова уверлива победа уште повеќе го потврди статусот на главен фаворит за титулата. Вечерва, тимот од Лондон славеше на гостувањето во Варшава против Легија со убедливи 0-3 и веќе гледа кон полуфиналето од ова натпреварување – единствениот европски трофеј кој недостига во клупската витрина.
Екипата на Енцо Мареска останува перфектна оваа сезона во европските натпреварувања – девет натпревари, девет победи и вкупно 32 постигнати гола. Овојпат, „сините“ беа прецизни во второто полувреме откако првиот дел заврши без голови.
Тајрик Џорџ, 19-годишниот талент од академијата на Челси, го отвори резултатот со својот прв гол за сениорскиот тим. Потоа, Нони Мадуеке зголеми на 0-2 во 57. минута. Иако Кристофер Нкунку не реализираше пенал, Мадуеке повторно беше на вистинското место и со својот втор гол го постави конечниот резултат од 0-3.
Со оваа победа, Челси не само што е на чекор до полуфиналето, туку јасно го испраќа своето предупредување до останатите екипи – титулата во Конференциската лига сезонава е нивна голема цел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
