Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, ја посочи Македонија за големо пријатно освежување како учесник на претстојното Европско првенство кое во јуни ќе се игра ширум Европа. Тој во интервју за српски „Информер“ истакна дека успехот на Македонија е одличен доказ како спортскиот успех може да го обедини народот во една држава.
„Македонија пријатно ме изненади, супер ми е што се пласираа на Европското првенство. Ги следев, беа во група со Словенија во квалификациите, имаат добра екипа и одличен селектор. Една мала земја која нема добра економска ситуација сега доби одлична шанса да се промовира. Ретко што може да го обедини народот во една држава како што можат спортските успеси“, изјави Чеферин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













