Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, истакна дека се чувствува предаден од 12 клубови кои објавија дека ќе формираат Суперлига. Тој најави дека УЕФА нема да попушти и дека тие ќе имаат последици доколку одлучат да ја напуштат фудбалската заедница.
„Фудбалот не е нечија сопственост, тој им припаѓа на сите, тој е дел од нашето наследство. За некои клубови, навивачите станаа обични муштерии, а натпреварувањата ги третираат како производи. Парите станаа поважни од славата, а желбата за пари поважна од лојалноста. Денешните „големите клубови“ не значи дека биле големи и во минатото и нема гаранција дека ќе останат големи и во иднина. Да се потсетиме на Астон Вила, Нотингем Форест, на фудбалот му требаат приказни како Аталанта, Селтик, Глазгов Ренџерс, Галатасарај… Фудбалот е динамичен и непредвидлив. Луѓето треба да знаат дека ништо не е невозможно и сите имаат шанса да победат“, изјави Чеферин на Конгресот на УЕФА.
12 клубови официјално објавија дека ќе формираат Европска Суперлига што предизвика комплетен хаос во светскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













