
Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски со тимот на Олимпијакос Никозија избори пласман во финалето на кипарскиот Куп. Неговата екипа оствари и втор триумф против АЕЛ Лимасол (0-1), откако и првиот натпревар го доби со 4-2.
Во редовите на АЕЛ Лимасол настапи Давор Здравковски, одигра еден час на овој меч, но заедно со соиграчите мораше да се помири со елиминација.
Олимпијакос Никозија во финалето го очекува подобриот од мечот меѓу Анортозис и АПОЕЛ (1-0).

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement