Connect with us

Чави Торес, прв фудбалер осуден за местење натпревари во Шпанија

Фудбалерот на Луго, Чави Торес, доби затворска казна од десет месеци затвор и една година и десет месеци суспензија од фудбалот во „случајот Осасуна“. Тоа е прва правна разврска за местење натпревари изречена во Шпанија.


Врховниот суд му ја намали затворската казна на играчот од една година на десет месеци, како и суспензијата од две години на 22 месеци. Тој треба да плати и парична казна од 400.000 евра и една единаесетина од трошоците на судењето.


Чави Торес одигра 230 натпревари во шпанскиот професионален фудбал, од кои 156 во Ла Лига, носејќи го дресот на Барселона, Малага, Леванте, Хетафе, Бетис, Спортинг Хихон и на Елче.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови