Младиот холандски репрезентативец Чави Симонс го изрази своето возбудување што е дел од тимот на „лалињата“ на ЕВРО 2024. Денес, селекцијата на Роналд Куман ќе игра против Романија во осминафиналната битка, а тој вели дека тоа е „битка на сѐ или ништо“.
Претходно, Холандија заврши како третопласирана во својата група, но, сепак, продолжи понатаму.
„Крвта ми врие секој пат кога сум на стадионот. Сега веќе ситуацијата е сѐ или ништо. Натпреварот со Австрија нѐ разбуди и сега мораме да бидеме многу подобри. Ова е осминафинале, Романија е силен ривал и ќе мораме да го дадеме најдоброто доколку сакаме да останеме и понатаму на Европското првенство“, истакна Чави Симонс.
Холандија и Романија својот меч го играат од 18 часот на „Алијанц арена“ во Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













