Connect with us

Чави призна дека се расплакал при излегувањето на Пике

Жерар Пике синоќа го одигра последниот меч во кариерата на „Камп Ноу“. Барселона победи со 2-0 против Алмерија, а имаше неверојатно многу емоции на теренот и на трибините.


Тренерот Чави Хернандез призна дека емотивно се скршил во моментот кога Пике го напушташе теренот и доби стоечки овации од повеќе од 98.000 фанови.

„Имаше големи емоции кога Жерар излегуваше од игра. И јас емотивно се потресов и не можев да издржам, потекоа солзи. Низ глава ми минаа сите заеднички моменти кои ги имавме како соиграчи. Освоивме се, доживеавме ера за паметење и тоа што си оди со оваа љубов од фановите ме прави горд. Тој е легенда на Барселона, остави неверојатно наследство во клубот. Му кажав дека си оди како лидер“, изјави Чави.

Пред само 15 дена цел „Камп Ноу“ му свиреше на Пике кога направи грешка на мечот против Интер во Лигата на шампионите. Но, тогаш никој не знаеше дека тоа е еден од последните натпревари на дефанзивецот во кариерата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови