
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, зборуваше пред утрешниот натпревар на тимот од Ла Лигa против Мајорка.
„Знаеме дека Мајорка е квалитетен тим, има одлична одбрана, цврсти се како состав. Тие се физички силен тим кој игра директно“, изјави Чави.
Тој ја прокоментира и повредата на Френки де Јонг, која ќе го остави надвор од терените речиси шест недели.
„Ова е чувствителна и многу важна загуба за нас поради начинот на кој играме и поради начинот на кој тој игра од минатата сезона, на исклучително ниво. Има многу играчи кои можат да го заменат и се надеваме дека нема да бидеме засегнати од неговото отсуство. Ќе видиме како е по паузата, но се надеваме дека ќе се опорави стопроцентно“, истакна тренерот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal