Барселона одигра 1-1 на гости против Севилја. Не успеа да победи иако имаш човек на повеќе на теренот речиси половина час поради исклучување на Жил Кунде. Сепак, тренерот Чави Хернандез е задоволен по ремито во Андалузија.
„Секогаш се чувствувам неубаво кога нема да победиме. Но, овојпат игравме навистина добро. Ова е Барселона што секој би сакал да ја гледа. Ни недостигаше малку повеќе трпение, но изгледавме одлично. Дембеле одигра многу добро, да влезеше топката во гол после неговиот шут, ќе зборувавме за извонредна победа“, изјави Чави Хернандез.
Барселона се наоѓа на седмата позиција на табелата со 28 бода, а Севилја е второпласирана, со пет бода заостанување од лидерот Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













