
Барселона ја урна бариерата и за првпат се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампиони откако од Лионел Меси замина од „Камп Ноу“. Тренерот Чави Хернандез беше среќен поради успехот, но потенцираше дека тоа нема да влијае на неговата одлука за заминување на крајот од сезоната.
„Постојано го добивам истото прашање, дали ќе останам ако ја освоиме Лигата на шампиони. Не, нема да останам во Барселона. Мојата одлука нема да се промени. Ќе заминам на крајот на сезоната“, изјави Чави.
Раководството на Барселона го бара најдоброто решение за наследник на Чави. Во игра се неколку германски тренери, Ханси Флик, Џулијан Нагелсман и Томас Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
