
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, на крајот мораше да се помири со фактот дека неговиот тим напролет ќе игра во Лига Европа. Тоа е реалноста за овој тим на каталонците, потенцира каталонскиот предводник и најави дека ова е почеток на нова ера и враќање на славните денови.
Барселона по 21 година нема да игра во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
„Не би го користел зборот дебакл затоа што не е соодветен. Секој што се труди, не може да доживее дебакл. Но, Баерн Минхен беше многу подобар, супериорен. Се обидовме да ги притиснеме високо, да им ја одземеме топката, но не можевме ништо да сториме. Им кажав на играчите дека сега почнуваме нова ера и дека мора да работиме напорно не само да се вратиме во ЛШ, туку и да го освоиме пехарот. За жал, реалноста во моментот е дека Барселона е тим за Лига Европа. Ситуацијата е болна, но мора да ја прифатиме и да работиме за да ја вратиме Барселона на славните патеки“, изјави Чави.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
