Connect with us

Чави: Направивме недопустливи грешки кои нѐ чинеа два бода

Барселона ремизираше 2-2 на гостувањето кај Мајорка и се искачи на врвот на табелата во Ла Лига, но тренер на каталонскиот тим Чави Хернандез беше многу разочаран од начинот на кој неговиот состав ги прими двата гола.


„Главниот проблем беше што противникот двапати поведе по нашите грешки. И тоа се случуваше во периоди од натпреварот каде што игравме добро. Вакви грешки не треба да се дозволуваат, особено во тесни и неизвесни натпревари. Имавме многу шанси, но ги пропуштивме. Сигурно не сме задоволни од ремито“, изјави Чави.

„Мораме да бидеме внимателни со Ламин Јамал. Тој дава многу за тимот, иако е млад, но важно е да се биде внимателен. Откако израмнивме, ја презедовме контролата на играта. Создадовме една – две чисти шанси. Генерално имавме доволно можности да поведеме до паузата, но уште една грешка ни направи огромни проблеми. Затоа не победивме“, истакна тренерот на Барса.

„Мораме да ја подобриме нашата дефанзивна игра. Минатата година делувавме постабилно. Денеска не се претставивме лошо, но грешките во одбраната не чинеа два бода“, изјави Чави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови