
Баерн Минхен ја победи Барселона со 2-0 на „Алијанц арена“ и со тоа му го нанесе првиот пораз на каталонскиот клуб во натпреварувањето оваа сезона. Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, во својата анализа на натпреварот истакна дека е лут, но и горд.
„Бевме подобри од Баерн во многу аспекти од играта. Изгледавме подобро физички и доминиравме во играта во првото полувреме. Ако мене ме прашувате, требаше да победиме. Имавме седум многу веројатни ситуации за гол, од нив мораше да постигнеме голови“, изјави тој во воведот на анализата на натпреварот.
„Лут сум, но и горд. Бевме израмнети. Нема да кажам дека бевме подобри, но, сепак, тие дојдоа до победа. Првиот гол го примивме по корнер, а вториот затоа што не го спречивме контранападот. Тоа не треба да се случи. Тие се комплетен тим, но ова е почеток и ќе мора да ги подобриме тие аспекти од нашата игра. Бевме одлични во првото полувреме, ги имавме, доминиравме, ги освојувавме дуелите. Заслуживме да победиме“, изјави Чави.
Баерн победи со голови во вториот дел. Лукас Хернандез погоди за 1-0 во 51. минута, кога прецизниот центаршут на Кимих од корнер го претвори во гол. Само три минути подоцна домашните фудбалери одиграа брза акција за 2-0. Мусијала му ја додаде топката на Сане, кој ги мина дефанзивците на Барселона и со мирна завршница го зголеми водството, а Баварците без проблем го задржаа до крајот на натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер

Евро-фудбал
Мартин Зубименди е нов играч на Арсенал
