
Пред неколку месеци тренерот Чави му кажа на Жоан Лапорта дека Жул Кунде е неговата најголема желба за засилување на одбраната. Иако Барселона има финансиски проблеми, а Челси цело време беше блиску до потписот на Кунде, ситуацијата се промени.
Кунде ја поставил Барса како свој приоритет и ќе направи се за да му помогне на клубот да дојде до неговиот потпис. Севилја е подготвена да преговара поради желбата на фудбалерот да си замине, а не е тајна дека Каталонците и Андалузијците веќе подолго време се во добри односи.
Претседателот Лапорта лично ги води преговорите, со кои сака да им даде до знаење и на Кунде и на Севилја колку е одлучна Барса да го доведе по секоја цена, што нема да биде лесно.
Отштетната клаузула на Кунде изнесува дури 90 милиони евра, на тоа инсистираше Севилја минатото лето, бидејќи и Кунде не брзаше. Сега ситуацијата е поинаква, Чави го гледа Кунде како идеален стоперски партнер со Араухо, додека во ротацијата би биле Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Жерар Пике.
Барселона би можела да го добие Кунде за 65 милиони евра, а Севилја е подготвена да тргува, со вистински играчи. Првиот е Сержињо Дест, а вториот Франциско Тринкао кој се врати од позајмица кај „волците“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
