
Претседателот на Барселона и тренерот на тимот Чави денеска ќе одржат заеднички состанок со техничкиот секретар Жорди Кројф, спортскиот директор Матеу Алемани, а тема ќе бидат активностите на тимот во текот на претстојното лето.
Чави побарал дури осум нови засилувања, а дел од нив веќе се обезбедени. Поранешниот играч за врска ги сакаше бековите Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо, на кои им истекоа договорите со Челзи, како и нивниот соиграч Андреас Кристенсен, за кој се вели дека веќе постигнал договор со клубот, како и уште еден централен дефанзивец во зависност од состојбата на Жерар Пике.
Во средниот ред Франк Кеси од Милан веќе се договорил со каталонците, а Чави сака да направи се што е потребно за да му се придружи и Рубен Невеш од Вулверхемптон. Во нападот се надева на Роберт Левандовски кој јасно стави до знаење дека нема намера да остане во Баерн Минхен, но и на одличниот Рафиња од Лидс Јунајтед.
Не помалку промени се очекуваат и при заминубањата…Нето, Самуел Умтити, Оскар Мингеза, Клемен Ленгле, Рики Пуиг и Мартин Брајтвајт ќе бараат нови тимови, а Адама Траоре и Лук де Јонг ќе се вратат во своите тимови откако ја поминаа втората половина од сезоната на позајмица на „Камп Ноу“.
Меѓу потенцијалните заминувања се вбројуваат и Френки де Јонг, Мемфис Депај и Сержињо Дест, но тоа ќе се случи само со добри понуди за сума која ќе ја задоволи Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
Енис Барди потпишува за Коњаспор
