Елиф Елмас ја одбележа 2023 на интернационален план. Со Наполи го освои толку посакуваното „скудето“ и му се придружи на Горан Пандев како втор Македонец кој успеал да стигне до титула во Серија А. Во финишот на годината, Елмас му кажа „чао“ на Неапол и го направи најголемиот трансфер во историјата на македонскиот фудбал, од Наполи во Лајпциг, за сума од 25 милиони евра.

Елмас беше еден од адутите и на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за Светското првенство. Имаше и непријатни моменти, но и убави изданија, блесоци против големите фаворити Англија и Италија кои не успеаја да победат во Скопје.

Во македонскиот фудбалски шампионат, Струга Трим Лум стигна до историска шампионска титула, Вардар се врати во елитата, Гостивар го доведе најскапиот фудбалер кој воопшто играл на македонските фудбалски стадиони, Алпер Потук.

2023 година е зад нас, новите предизвици почнуваат веќе од утре, со почетокот на новата 2024-та.
И ништо спектакуларно нема да ни падне од небо. Ќе мора сами да ги изградиме стадионите, да ги преуредиме терените, да сфатиме дека фудбалот е голем бизнис и дека во него мора многу да се инвестира за потоа да се вратат резултатите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













