Connect with us

Чалханоглу: Освоеното „скудето“ во дербито со Милан е моја одмазда за фановите на тој клуб

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу, призна дека освојувањето на „скудетото“ во победата од 2-1 во дербито против Милан беше негова одмазда на навивачите на „росонерите“ за нападите кон него по трансферот како слободен играч во летото 2021 година.


„Ова е одмазда за страдањата што ги доживеав годината кога пристигнав во Интер и во која ја загубивме битката за титулата. Не можам да заборавам сѐ што беше направено против мене и моето семејство од навивачите на Милан, но моето срце беше сигурно дека сѐ ќе заврши добро. Мојата одмазда дојде и освојувањето на „скудетото“ во дербито ми беше најголемо задоволство.

Сето тоа беше испланирано бидејќи Господ знае дека не го заслужив тоа што ми го направија. Отсекогаш сум работел и страдал во тишина без да кажам збор. Откако дојдов во Интер имав само една цел – да дадам максимум и да победуам со овој исклучителен тим. Оваа победа се исплати за сѐ што претрпев“, изјави Чалханолу за „Ил Џорнале“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови