Македонскиот шампион Шкупи одигра 2-2 на гости против Динамо Загреб во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Иако „модрите“ важеа за големи фаворити, на крајот не успеа да победат.
Тренерот Анте Чачиќ вели дека примија два евтини гола.
„Добро е што веќе нема правило за гол на гости. Задоволен сум од второто полувреме кога ги стиснавме. Тоа е фудбалот, примивме два евтини гола, а Македонците покажаа дека се цврст тим. Силни се во дуелите, брзи се, непријатни им се крилата. Не смееме да ги повторуваме овие грешки, тие се многу скапи. Сакавме да доминираме од самиот почеток, но имаме многу проблеми во средината ма теренот. Второто полувреме покажа дека можеме и мораме да го повториме тоа“, изјави Анте Чачиќ.
Реваншот во Скопје е за една седмица. Победникот од оваа пресметка продолжува во третото коло против победникот од натпреварот меѓу Лудогорец и Шамрок (3:0).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski