
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, верува дека првото место на неговиот тим во Бундес-лигата е добра работа за германскиот фудбал, откако заврши серијата на Баерн Минхен од 11 последовни првенствени титули.
„Среќен сум за сите. Можеби е здраво за Бундес-лигата и за германскиот фудбал да победуваат и другите тимови. Мораме да уживаме. Ова е одличен момент. Сега е време да славиме, го заслуживме тоа”, истакна Шпанецот, по победата на „аспирините“ со 5-0 против Вердер Бремен.
Баер Леверкузен и по 29 кола останува непоразен во првенството.
Леверкузен може да стигне и до „тројна круна“ доколку ги освои Лигата на Европа и Купот на Германија, каде е во финалето против второлигашот Кајзерслаутерн.
„Мораме да се фокусираме на Вест Хем многу брзо. Следната недела е нешто сосема друго. Играчите се од врвен тим, тие се врвни момци. Сè уште имаме големи цели за оваа сезона. Тоа е многу добро место за мене. Чувството е навистина неверојатно“, изјави Алонсо.
Леверкузен ќе се соочи со Вест Хем во четврт-финалето на Лига Европа, откако го доби првиот натпревар на германско тло со 2-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер
