Чаби Алонсо објасни зошто донел одлука Реал Мадрид да не ја искористи можноста да тренира на „Енфилд“ вечерва. Утре Ливерпул го пречекува „кралскиот клуб“ на свој терен во еден од најинтересните натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите. Алонсо, пак, ќе се врати на „Енфилд“, каде што играше во периодот од 2004 до 2009 година.
Реал тренираше во својата база, а попладнево ќе патува за Англија, каде што вечерта Алонсо ќе ја одржи и традиционалната прес-конференција пред натпреварот.
„Ова е моја одлука, затоа што мора да се подготвиме за мечот и преферирам да го направиме тоа на нашата тренинг-база, во наш сопствен простор, за да не нè следат 200 камери“, изјави Алонсо во врска со својата одлука.
Реал има девет бода по првите три кола во Лигата на шампионите, додека Ливерпул има шест. Натпреварот на „Енфилд“ ќе биде прв од шесте последовни гостувања што го очекуваат тимот на Чаби Алонсо во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













