Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, имаше причина за задоволство от тешката, но многу вредна победа на гостувањето кај Алавес (1-2). Сепак, тој не пропушти да упати забелешки кон судијата на натпреварот, кој не досуди пенал за прекршок врз Винисиус и истакна дека не е изненаден што ниту ВАР не интервенираше во таа ситуација.
„Имаше позитивни работи – работи што ни се неопходни на секој натпревар, работи на кои мора да им дадеме континуитет. Дојдовме да победиме; најважни беа трите бода… и си заминуваме со нив. Сите сме заедно во ова, и во добрите и во не толку добрите моменти; тимот се бореше многу добро… со оглед на околностите со кои располагавме“, започна Алонсо.
Тој имаше и критики и пофалби за дебитантот Виктор Валдепењас.
„Примивме гол во единствената ситуација во која Валдепењас погреши. Му честитам не само за дебито, туку и за натпреварот што го одигра; се бореше и беше многу стабилен играч“, додаде подоцна.
На крајот, тој се осврна и на недосудениот пенал за прекршок врз Винисиус и на отсуството на реакција од страна на ВАР.
„Ми изгледаше како чист пенал, Вини е многу брз, имаше контакт… и многу сум изненаден што дури и не се отиде на ВАР-преглед; сепак, не сме изненадени… и мора да продолжиме понатаму“, заклучи Алонсо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













