Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, минатата сезона направи вистинско чудо со Баер Леверкузен и ја освои двојната круна во Германија. Тој се етаблираше во еден од најдобрите млади тренери, но, и покрај понудите од големи европски клубови сепак одлучи да остане на клупата на Баер Леверкузен.
Наводно оваа одлука е донесена во договор со Реал Мадрид. Шпанските медиуми откриваат дека тој има устмен договор со Флорентино Перез следното лето да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ и да седне на клупата на „кралевите“.
Анчелоти ја минува последната година на кормилото на Реал, а Чаби Алонсо на лето треба да дојде како негов наследник.
Заедно со Шпанецот треба да пристигне и новата ѕвезда на германскиот и на европскиот фудбал, Флоријан Вирц.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













