Connect with us

Бускетс заминува од Барселона на крајот на сезоната

Серхио Бускетс на крајот на сезоната ја напушта Барселона, клубот во кој ја мина целата своја кариера.


Бускетс за Барселона дебитираше во 2008 година, а сега на 35 години реши да го напушти „Камп Ноу“. Тој има договор до крајот на сезоната и денеска ги известил клупските челници дека сака да си замине.

„Бускетс верува дека ова е идеално време да си замине од клубот по 15 години. Повеќето од неговите долгогодишни соиграчи веќе ја напуштија Барселона. Не му беше лесно во последните години, тој исто така беше на удар на навивачите кои порано го исвиркуваа, а сега ќе си замине како шампион на Шпанија“, пишува „Марка“.


Кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Ал-Хилал, саудискиот клуб кој сака да го купи и Лионел Меси.

Бускетс одигра 719 натпревари за Барселона и постигна 18 гола, со 45 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови