
Македонскиот прволигаш Беса ја информираше јавноста дека тимот до крајот на есенскиот дел од сезоната ќе го предводи Бурим Садики. По заминувањето на Берат Имери, повторно улогата на прв тренер ќе ја има Садики, кој ја водеше Беса и на неколку меча по заминувањето на Александар Таневски.
„Беса ја известува целата јавност дека вестите кои се шират низ медиумите се неофицијални и невистинити. Најавуваме дека тренерската работа до крајот на есенскиот шампионат ќе му биде доверена на помошниот тренер Бурим Садики заедно со останатите помошници кои се дел од стручниот штаб. За секоја информација ќе бидете информирани на официјалниот клупски профил“, се вели во соопштението на Беса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal