Connect with us

Бундес-лигата одложи уште еден меч на Мајнц

Бундес – лигата го одложи саботниот натпревар од 26. коло меѓу домаќинот Аугсбург и Мајнц поради бројни инфекции со коронавирус кај гостинскиот тим. Мајнц 05 официјално поднесе барање за презакажување на натпреварот в среда, кое беше одобрено.


„Натпреварот ќе се игра на друг датум, бидејќи Мајнц го нема минималниот број на играчи што го бараат правилата на германската фудбалска лига поради позитивните случаи со Ковид“, објаснуваат од канцеларијата на Бундес-лигата.

Мајнц во последните три седмици се соочува со голем број случаи на заболени фудбалери со коронавирус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови