Connect with us

Буфон потврди дека Гатузо ќе биде нов селектор: „Го избравме најдоброто можно решение“

Менаџерот на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон, потврди дека Џенаро Гатузо ќе биде именуван за нов селектор на „аѕурите“.

„Го донесовме најдоброто можно решение“, изјави легендарниот голман.

Италија остана без селектор по отказот на Лучано Спалети, кој беше отпуштен по поразот од 3-0 против Норвешка.

„Претседателот и Федерацијата имаа напорни денови исполнети со многу различни моменти. Сметам дека на крајот направивме најдобар избор“, додаде Буфон.

Прв избор бил Клаудио Раниери, но тој веќе имал договор како специјален советник во Рома и се повлече од тренерската кариера.

Како можни кандидати се споменуваа и Стефано Пиоли, Даниеле де Роси и Фабио Канаваро, но брзо стана јасно дека Гатузо е главен фаворит.

Гатузо веќе имал средба со Буфон, а потоа и со претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, за да ги прецизираат деталите од договорот.

„Пред сè, се обидуваме да се мотивираме, но најважно е да избегнеме срамни резултати кои не му доликуваат на италијанскиот фудбал. Постојат различни начини да се изгуби, но верувам дека со неколку мали корекции можеме да ги избегнеме најлошите сценарија“, рече Буфон.

„Аѕурите“ ќе се вратат на терените со уште два натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026, против Естонија и Израел, закажани за септември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови