Connect with us

Буфон останува дел од репрезентацијата на Италија

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон реши да ја продолжи работата како одговорен за делегацијата на италијанската национална репрезентација, објави Фудбалската федерација на Италија. Тој го продолжи својот договор по состанокот со претседателот на федерацијата, Габриеле Гравина.


Буфон, кој е светски шампион од Мондијалот 2006, беше назначен на оваа позиција минатото лето со цел да им помогне на сегашните репрезентативци со своето искуство, слично на починатиот Џанлука Вијали на ЕВРО 2020. Сепак, Италија не успеа да ја одбрани титулата на Европското првенство во Германија и беше елиминирана уште во осминафиналето.

По овој неуспех, се појавија информации дека Буфон побарал состанок со Гравина за да ја разгледаат нивната идна соработка. На крајот, состанокот имаше позитивен резултат и бившиот голман ќе продолжи да ги извршува своите обврски кон националниот тим.

„Џиџи е исклучителен ресурс за ФИГЦ и за националниот тим. Тој се впушти во новата улога со голема подготвеност и професионализам. Му благодарам за силната желба да продолжи да го дава својот придонес за каузата на ‘аѕурите’. Во согласност со она што беше објавено на денот на неговото претставување, откако ја доби својата диплома за спортски директор од курсевите во ‘Коверчано’, мојата намера е да го назначам на оперативна улога во нашата структура. Неговото потврдување беше првата моја цел за обновување на националниот тим, што е одлична вест за италијанскиот фудбал“, изјави задоволниот Гравина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови