Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, отворено призна дека неговиот тим одигра далеку под очекувањата и заслужено го загуби градското дерби со Манчестер Сити (0-3).
Овој нов неуспех дополнително го стави под притисок менаџерот Рубен Аморим, чија екипа има само четири бода по првите четири кола од Премиер-лигата, а сè уште не е заборавен и срамот од елиминацијата во Карабао купот против Гримсби. Сепак, Португалецот останува тврдоглав – не планира промена во тактичката поставеност, и покрај слабите резултати.
„Мораме да видиме што направивме добро, но очигледно тоа не беше доволно. Во фудбалот мораш да победуваш, не само да бараш позитиви. Тука не бевме на нивото кое требаше да ни донесе резултат. Треба да научиме што да подобриме и да продолжиме понатаму,“ изјави Аморим за „Скај Спортс“.
„Најважно е да даваме голови, а не да примаме. Сè уште создаваме шанси, но не реализиравме, а примивме три гола кои можевме да ги спречиме.“
Слично мислење има и Нусаир Мазрауи, кој одигра прв натпревар како стартер сезонава, но со горчлив крај.
„Се обидуваме да напредуваме како тим. Ако изгубиш, а одиграно е добро и имаш шанси, можеш да прифатиш. Но, овојпат едноставно не бевме доволно добри“, истакна Мазрауи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













