Connect with us

Бруно Фернандеш експресно се опорави за два дена?

Фудбалерот од средниот ред, Бруно Фернандеш, е дел од тимот на Манчестер Јунајтед кој отпатува за Лондон на вечерашната пресметка со Тотенхем. Сепак, сѐ уште не е јасно дали португалскиот интернационалец ќе настапи на средбата од 33. коло на Премиер – лигата. Според медумите на Островот, тој е целосно подготвен за игра иако пред два дена ногата му беше во лонгета.


Бруно заработи повреда во полуфиналето на ФА Купот минатата сезона против Брајтон и беше заменет во продолженијата.

Пред два дена на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа дека Фернандеш носи чизма за имобилизирање на десниот глужд, а на софата до него има патерици што ги загрижи навивачите на „црвените ѓаволи“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови