Connect with us

Британската влада сака да му го одземе Челси на Роман Абрамович

Челси е во огромни проблеми, комплетна неизвесност владее на „Стемфорд бриџ“, а постојано доаѓаат информации дека дел од спонзорите сакаат да го напуштат европскиот и светски клупски првак. Отккао стана јасно дека главниот спонзор на клубот „Три“ привремено го раскинува договорот со клубот кој носи 40 милиони фунти годишно, за сличен потег размислува и „Најк“.


Компанијата за спортска опрема има потпишан договор со Челси во 2016 година за наредните 15 години вреден околу 900 милиони фунти. Евентуалното суспендирање на договорот во овој момент би можело да го чини Челси околу 540 милиони фунти.

Се чини многу веројатно дека владата на Велика Британија ќе ја преземе контролата и врз зделката за продавање на клубот. Ова во пракса му остава на Абрамович две опции, или да се согласи со условите на владата и да го загуби клубот, или да одбие, што во голема мера ќе ја искомпликува ситуацијата и не е јасно како може да се развиваат работите по крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови