Connect with us

Британската влада ја осуди поддршката за Роман Абрамович од фановите на Челси

Британската влада ги осуди навивачите на Челси кои го скандираа името на сопственикот на клубот Роман Абрамович. Навивачите на гостувањето кај Барнли дадоа неколкуминутен аплауз и го извикуваа името на рускиот олигарх.


Владата на Велика Британија му воведе санкции на Абрамович. Тој реши да го стави клубот на продажба, а целата ситуација само ја зацврсти врската со навивачите.

Од владата соопштија дека не се против продажбата на клубот.

„Отворени сме за продажба на клубот, подготвени сме и да ја смениме лиценцата (според која клубот е овластен да продолжи со работа) со што би се овозможила нејзина реализација, доколку околностите го дозволат тоа“, посочи портпаролот на британската влада.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови