
Брегалница ја пречека Брера која досега имаше максимален ефект и ја победи во Штип со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Фабрицио Венегас во 27.минута. Гостите имаа одлична можност за израмнување, но капитенот Врдољак не искористи пенал во 73.минута од дуелот.
Работнички и Шкендија на стадионот „Борис Трајковски“ одиграа неверојатен меч (1-2), а тетовци се уште имаат максимален ефект.
Новото засилување на Работнички, Шафик Кагиму, постигна прекрасен погодок во 28.минута, а Шкендија израмни и постигна победнички гол во судиското продолжение за триумф од 1-2. Дита израмни во 91.минута, а Красниќи постигна гол за победа во 96.минута.
Шкупи на Чаир го победи Гостивар со 3-1. Хоџиќ го отвори резултатот, Алпер Потук израмни во 64.минута.
Шест минути подоцна Суад Сахити донесе нова радост за тимот од Чаир. На крајот домаќинот постигна и трет гол.
Силекс во Кратово одигра 2-2 против Македонија ЃП. Марко Ѓорѓиевски во 44.минута го отвори резултатот, но на одморот сепак „лавовите“ заминаа со предност од 1-2. Филип Алексовски израмни веќе во следната минута, а Скендери погоди во судиското продолжение од првиот дел.
Силекс израмни од пенал, во 82.минута. Антонио Каланоски беше успешен реализатор откако еден играч на гостите играше со рака во шеснаесетникот.
Тиквеш и Воска Спорт одиграа 1-1. Гасама во 17.минута донесе радост за домаќинот, а израмни Марушиќ во 73.минута.
ПРВА ЛИГА, 5. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ 1-1
БРЕГАЛНИЦА – АП БРЕРА 1-0
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1-2
ШКУПИ – ГОСТИВАР 3-1
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-2
СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (01.11.2023)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski