Со промоција на новиот стручен штаб, тимот на АП Брера Струмица ги почна подготовките за новата сезона. Тимот ќе го предводи Џовани Валенти кој денеска ја изврши првата прозивка и тренинг со фудбалерите на на комплексот СРЦ „Пандев“ .
Станува збор 47 годишен тренер кој дојде од младинскиот погон на Парма, а има работено и со младинските категории на Јувентус, Бреша и на Милан. Валенти беше и две години помошник тренер на младинските репрезентации на Италија до 19 и 20 години.
За негов помошник ангажиран е 56-годишниот Микеле Кавали кој во својата кариера има работено во Шахтјор, Сасуоло и во Јувентус. Тренер на голманите на сениорскиот тим е Алесандро Пегорари кој работеше со младинските категории во Парма.
,„Ќе дадеме сѐ од себе за да ја донесеме овде нашата идеја, нашата филозофија. Сакаме да се игра добар фудбал, добар стил на фудбал. Ние сме млад тим имаме доста млади играчи, но тоа ми се допаѓа и најважната работа во моментот е да им се помогне да пораснат, да се подобрат и потоа да видиме што може да се направи за да ги вклучиме во првиот тим“, истакна Валенти во својата прва изјава во Струмица.
Брера Струмица пред почетокот на новата сезона го ангажираше дефанзивецеот Стефан Наумчевски а наредните денови треба да пристигнат уште неколку нови засилувања.
Идејата е оваа година да се даде простор и можност на фудбалерите од сопствениот погон.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski