
Бразилскиот интернационалец Мартинс Де Паула Кауан е нов играч на македонскиот прволигаш Брера. Станува збор 23 – годишен дефанзивец кој минатата година настапуваше за естонскиот тим Транс Нарва.
Претходно Де Паула Кауан има настапувано и во неколку бразилски клубови меѓу кои и за младинскиот тим на Коринтијанс.
Според информациите, Де Паула одлично игра со левата нога. Се одликува со агресивност, добар преглед во одбрамбената линија, стабилност во играта, но и со добар скок и се очекува да даде голем придонес во одбраната на нашата игра.
„Одличен прием и се надевам дека ќе имаме одлична соработка и во иднина. Ќе дадам сѐ од себе за да ја исполниме зацртаната цел за ова полусезона. Сакам да помогнам и да постигнеме добри резултати за да можеме како Брера да бидеме повисоко на прволигашката табела“, изјави бразилскиот интернационалец за официјалниот сајт на Брера.
Претходно дресот на Брера го облекоа Даниел Миловановиќ, нигерискиот интернационалец Ибрахим Олаосебикан, младиот Лука Георгиев и српскиот напаѓач Ѓорѓе Ивковиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
