
Брера Струмица има максимални 12 бода по четири кола, а денеска (16 часот) гостува во Штип. Брегалница има план да го сопре победничкиот чекор на струмичани, но тренерот на Брера, Џовани Валенти, верува дека неговиот тим ќе продолжи во ист ритам.
„Ми кажаа дека мечевите со Брегалница секогаш се дерби натпревари, а дека Брегалница игра одлично на домашен терен каде секогаш атакува на победа. Верувам дека ќе биде убав натпревар, а ние ќе продолжиме во ист ритам. Сакам да видам дека нашиот начин на игра може уште да се подобрува“, изјави Валенти.
Шкупи на домашен терен го пречекува Гостивар и посакува триумф. Дефанзивецот Хамза Рамани верува дека бодовите ќе останат на Чаир.
„Натпреварот против Гостивар е од големо значење за нас. Очекуваме да победиме, да ги освоиме бодовите и да ги израдуваме нашите навивачи. Секако, оваа евентуална победа ќе не врати при врвот на табелата, каде што заслужуваме да бидеме како клуб. На последниот натпревар против Македонија Ѓорче Петров одигравме добро, но среќата не беше на наша страна“, изјави Рамани.
Работнички ќе биде домаќин на Шкендија на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а Силекс во Кратово ќе ја пречека Македонија ЃП.
Тиквеш во Кавадарци ќе се сретне со Воска Спорт.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 5. КОЛО (денеска, 16 ч.)
ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ
БРЕГАЛНИЦА – АП БРЕРА
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – ГОСТИВАР
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (01.11.2023)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
