
Зоран Андонов е најново засилување на македонскиот прволигаш Брера. Андонов кој лани настапуваше за Брегалница веќе се приклучи на подготовките на новиот тим за вториот дел од првенството.
23 – годишниот Андонов кој игра на левата бековска и крилна позиција, за штипјани оваа првенствена сезона одигра 12 натпревари при што постигна еден гол, а во два наврати беше асистент.
„Ми преставува големо задоволство што по неколку сезони повторно се враќам во Струмица и сега ќе бидам дел од Брера. Срекен сум што сум овде и се надевам дека ќе прикажам добри игри заедно со тимот, за да ја исполниме целта за вториот дел од првенството на задоволство на симпатизерите на клубот но и лубителите на фудбалот од Струмица“ , изјави Андонов.
Зоран Андонов кариерата ја почнува во Беласица по штo има настапувано и за Пехчево и за Детонит Плачковица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal