
Младиот Лука Георгиев кој есента настапуваше за второлигашот Осогово е ново засилување на Брера Струмица.
Лука Георгиев е 19-годишен фудбалер кој настапувал за неколку младински екипи во Германија, со оглед дека таму живеел со семејството, а беше дел и од проектот на Динамо Загреб, „Животен натпревар“.
„Среќен сум што од Осогово кој се натпреварува во Втората лига дојдов во Брера Струмица. Доаѓањето во овој клуб преставува императив за секој фудбалер, бидејки зад овој проект стои и името на Горан Пандев и се дава простор и шанса на младите. Ќе се обидам да дадам сѐ од себе и секоја шанса што ќе ми биде дадена да ја оправдам. Се надевам дека и овде ќе постигнувам голови на задоволство на сите. Моите први впечатоции во Брера се позитивни пред се од приемот, но и од работата на стручниот штаб“, изјави Лука Георгиев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal