Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк, се надева дека тимот има многу добри шанси да го задржи Кристијан Ериксен и по завршувањето на оваа сезона. Клубот ќе стори се што е во оптималните можности за тоа да се реализира. Данскиот репрезентативец кому минатиот јуни му беше потребна спасувачка интервенција на теренот за време на натпреварот на Европското првенство против Финска, се согласи да игра за Брентфорд откако потпиша краткорочен договор во јануари.
30-годишниот играч од средниот ред мораше да го раскине договорот со Интер во декември, бидејќи не му беше дозволено да игра во Серија А со вграден пејсмејкер.
Британските медиуми го поврзуваат со неговиот поранешен тим Тотенхем, Њукасл или Манчестер Јунајтед, но Брентфорд ќе се обиде да го задржи во своите редови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













