Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен е блиску до враќање во Премиер – лигата. Тој ги надмина здравствените проблеми и сака да му се врати на фудбалот, а започнал преговори со Брентфорд. Претходно, Ериксен во Англија настапуваше во редовите на Тотенхем.
Англискиот премиерлигаш Брентфорд му понудил договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување за уште една сезона.
Ериксен преживеа срцев удар на Европското првенство во дресот на данската репрезентација, му беше вграден дефибрилатор и поради тоа не можеше да продолжи да настапува за Интер во Серија А. Во Италија, законите не дозволуваат професионални спортисти со срцеви проблеми да се бават со спорт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













