
Фудбалерите на Брегалница подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе ги стартуваат на 26. јуни, кога ќе бидат реализирани лекарските прегледи и почетокот на летниот тренажен процес, објави клубот.
Согласно програмата на стручниот штаб, првата фаза од подготовките ќе биде реализирана во Штип и во Пехчево, по што ќе се оди на финалните техничко-тактички подготовки комбинирани и со пријателски натпревари.
„Во Пехчево ќе ја реализираме почетната фаза од подготовките, а потоа во зависност од договорените пријателски натпревари тактично-техничките подготовки ќе бидат во Банско или во Охрид. Но, одлуката околу тоа ќе зависи од договорените тестови. Планираме одигрување седум пријателски средби преку кои ќе се темпира формата за стартот на новата сезона“, изјави шефот на стручниот штаб, Горан Здравков.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal